ФОТО | Велика Британија му оддаде почит на принцот Вилијам за неговиот 40-ти роденден

1 min read

Четириесеттиот роденден на британскиот принц Вилијам ќе биде одбележан со издавање на монета од 5 фунти со неговиот лик, соопшти Кралската ковачница, пренесува британски „Телеграф“.

Официјалниот државен производител на монети во Велика Британија ја откри монетата пред роденденот на Вилијам на 21 јуни. За првпат, ликот на војводата, втор во редот за тронот, ќе се појави на официјална монета кована во Кралската кованица.

Создаден е од дизајнерот и гравер Томас Т. Дочерти. Во средината на паричката е портретот на Вилијам, опкружен со кралската шифра на војводата – првата буква од неговото име, веднаш до бројот 40. Од другата страна на паричката ќе биде ликот на кралицата Елизабета Втора, дизајнирана од Џоди Кларк. Ивицата на монетата ќе биде украсена со натписот: „ХРХ војводата од Кембриџ“.

„Дизајнот е одраз на рамнотежата помеѓу свежата енергија на Неговото Кралско Височество како млад татко и церемонијалната природа на неговата кралска позиција“, истакна Доречи, опишувајќи го дизајнот на новата монета.

Истовремено, покрај новата монета од 5 фунти, во продажба ќе се најде и ограничен комплет со два златници – празнична монета и монета издадена во 1982 година, во годината на раѓањето на војводата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Швјонтек експресно во второто коло на Ролан Гарос, Осака повторно разочара

Следно

Бугарски пратеник бара „враќање на коските на Цар Самуил“ како гест за кревање на ветото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian