Српскиот патријарх Порфириј денеска пристигна во Скопје заедно со осум владици од Српската православна црква.
За утре е закажана заедничка утринска литургија со архиепископот Стефан и владиците на МПЦ-ОА, која ќе се одржи во Соборниот храм Свети Климент Охридски.
Српската православна црква и Патријархот Порфириј вечерва известија за посетата на Српската црковна делегација на Македонија.

Тие споделија и фотографии од пречекот на аеродромот во Скопје, средбата во резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА во близина на скопското Кале и од хотелот каде се сместени.
