ФОТО | „Непрепознатлива“: Моника Белучи стана русокоса

1 min read

Моника Белучи ја краси насловната страница на францускиот магазин „Madame Figaro“, а нејзината трансформација за потребите на снимањето на едиторијалот привлече значително внимание бидејќи актерката ја замени препознатливата темна коса со плава.

Фотографиите се инспирирани од култниот филм „La dolce Vita“, а Белучи треба да потсеќа на легендарната Анита Екберг која во споменатиот филм го толкуваше ликот на Силвија.

За да го постигне тој ефект, фризерот Џон Нолет создал специјална плава перика за потребите на фотосесијата. Откриено е и дека за истата потрошил еден месец.

Моника позираше во фустани од бел шифон, тантела и црно кадифе, а за повеќе да личи на Екберг носи и плави леќи.

Иако трансформацијата изненади многумина, Моника како русокоса не е сосема нов феномен. Таа неодамна глумеше во „The Man Who Sold His Sking“, а носеше плава перика и во серијата „Ten Percent“.

„Во секој случај, ја сакам трансформацијата, тоа е моја работа“, изјави таа за списанието.

 

Белучи проговори и за своите години, но и за актерката која се обиде да ја отелотвори за потребите на фотосесијата.

„Моите години ми ја отворија вратата, ми дозволија да се зафатам со нови, поразновидни улоги. Во времето на Анита едноставно немаше да имам шанса да работам“, рече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лазаров ќе го поштеди Талески од настап на Медитеранските игри

Следно

Бектеши: Бараме 900 милиони за враќање на долгови наследени од претходните влади

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian