ФОТО | Мистиката која го освоила Хитлер: Што се криело зад нацистичките тајни друштва?

6 mins read

Нацистичкиот мистицизам е речиси непозната тема на нашата јавност, и за неа многу ретко се пишува. Затоа и податоците за организацијата „Аненербе“ (Ahnenerbe) се многу оскудни. Тоа што е познато е дека оваа организација основана од Химлер на 1-ви јули 1935, како официјален дел од паравоената „СС“ дивизија, се претставувала како „друштво за истражување на древната германска историја и наследство оставено до претците“. Еден од ретките автори кој ја истражува оваа тема е Дејан Стојиљковиќ, автор и ко-сценарист на серијата „Сенки над Балканот“.

„За наци-мистицизмот најмногу дознаваме преку поп културата, филмовите за Индијана Џонс или преку стриповите како Хелбој на Мајк Мињола. Самиот Мињола дава генијално објаснување зошто нацистите се совршени негативци. А кога нацистите се во прашање, нема потреба многу да се објаснува, се подразбира дека тие се лошите момци.

 

За среќа, на оваа тема има и сериозни историски истражувања, како што е книгата „Мастер план“ на канадската авторка со еврејско потекло Хедер Прингл. Во оваа книга освен истражување на мистичните димензии на нацизмот, авторот се фокусира на генезата на здруженија како „Аненербе“, а како едно од битните поглавија на таа генеза е здружението „Туле“ чиј наследник е токму „Аненербе“.

хитлер
Хитлер / Фото: Принтскрин / Youtube

ЦРНО СОНЦЕ

Организацијата „Туле“ (Thule) своето име го добила по митскиот остров од антиката кој се поистоветувал со Хипербореја. Основана во 1918 во Минхен од страна на окултистот и агент и политички активист Рудолф фон Зеботендорф како параван на ложата на тевтонски витези, Туле во 1920 во своите редови го примила својот најпознат член, неталентираниот австијски уметник, разочараниот ветеран на Големата војна, антисемит и национал-шовинист – Адолф Хитлер.

Влијанието на оваа организација врз Хитлер е евидентно и по симболот кој тој го презема за грб на национал-социјалистичката партија и движење, кукастиот крст, инаку девијација на постоечкиот грб на организацијата Туле – црното сонце.

Грбот на организацијата Туле

Црното сонце, можеби сосема случајно, се наоѓа и на грбот на католичкиот црковен ред на Исусовци, таканаречените Језуити.

Грбот на католичкиот црковен ред на Исусовци, таканаречените Језуити.

Еден од истакнатите членови на Туле во тоа време бил и Хајнрих Химлер, познат под псевдонимот Птичар, кој во времето на Третиот Рајх ќе стане окултниот водач на Германија.

Хајнрих Химлер / Фото: / Keystone Archives / Heritage Images / Profimedia

Идеологијата на Туле е истовремено интригантна и луда. Освен тоа што верувале дека се директни потомци на Хиперборејците, според својата псевдо-историска митологија припадниците на оваа организација верувале дека се припадници на виша раса која од Европа се преселила во Индија, потоа во пустината Гоби, за на крајот да се населат на Тибет.

Како доказ дека Химлер навистина верувал во оваа доктрина, говорат историските податоци дека во неколку наврати Третиот Рајх испраќал експедиции на Тибет кои биле предводени од нацистички научници, членови на Аненербе и СС дивизијата, со цел научно да докажат дека древните Германи потекнуваат од Тибет.

Германска експедиција во Тибет во1938–39 година / Фото: Википедија

Членовите на Туле уште многу рано ја усвојуваат философијата на Ниче за смртта на Бог, а посебно се воодушевени од приказната за натчовекот односно надлуѓето кои треба да владеат со пониските раси. Се разбира, нивната интерпретација на философијата на Ниче е погрешна и идеолошки мотивирана и подоцна, политички инструментализирана.

РИМСКО ЦАРСТВО

Главна цел на огранизацијата Туле била еманципирање на таканаречената ариевска раса, односно духовното издигнување преку примерот на древните нордиски божества. Од своите членови се очекувала слепа покорност и посветеност на редот на чие чело се наоѓал големиот мајстор.

Припадниците учествувале во разни пагански ритуали, меѓу кои имало и принесување на човечки жртви, по примерот на раноантичките германски обичаи.

Нацистите себе си се сметале за наследници на Римското царство, па така многу од нивните симболи се директно преземени од оваа империја. Меѓу овие симболи е и римскиот поздрав, чија нацистичка верзија ќе остане запомнета како „Зиг хајл“ (да живее победата).

Приказ како римјаните се поздравувале преку популарното уметничко дело Le Serment des Horaces од Жак Лук Давид, насликано во 1784.
Приказ на нацистичкиот поздрав /  Albert Hilscher / AFP / Profimedia

„За Туле, Хитлер бил долгоочекуваниот месија и спасителот на германскиот народ. Тој бил под големо влијание на мајсторот на редот, и под негово водство го напишал своето најпознато дело, „мојата борба.“

Се смета дека Туле е расформирана кон крајот на деведесетите, но тој податок не е потврден. Некои историчари сметаат дека организацијата и понатаму постои, и тоа не само во Германија.

Во својата книга, Хедер Прингл наведува повеќе извори за активностите на Аненербе, според кои членови на оваа организација посетувале мноштво на староримски наоѓалишта на Балканот за време на втората светска војна. Сепак, по што точно трагале тука останува мистерија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос, Надал не се ни испоти против Томпсон

Следно

Новинарски здруженија: Владата со народни пари фаворизира одредени приватни медиуми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian