Ердоган: Мицотакис за мене повеќе не постои

1 min read

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис „повеќе не постои за него“, по забелешките и критиките на Мицотакис кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД.

Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи борбени авиони Ф-16 да ѝ се продаваат на Турција.

Минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, рече Ердоган.

– Тој веќе постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари, рече турскиот претседател и додаде дека состанокот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција, повеќе нема да се одржува.

Администрацијата на Џо Бајден бара од Конгресот да ја одобри продажбата на борбените авиони на Турција.

За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис на заедничката седница на Конгресот предупреди против поддршката на предложената воена продажба на Бајден на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претседателот на ПСЖ тврди дека Реал можел да му понуди повеќе пари на Мбапе

Следно

Реал Мадрид со 200 милиони евра ќе се вади за понижувањето, замената за Мбапе доаѓа од Милан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian