Елиминирана шампионкака на Ролан Гарос, Надал не се ни испоти против Томпсон

2 mins read

Втората светска тенисерка и минатогодишна шампионка на Ролан Гарос, Барбора Крејчикова се прости од титулата во Париз откако загуби уште во првото коло. Крејчикова денеска загуби од Французинката Дајан Пари со 2:1 во сетови и тоа 1:6,6:2,6:3.

Крејчикова лесно го доби првиот сет, а во вториот прва направи брејк и поведе со 2:о во гемови. Но, одговорот на Пари беше брутален, ги освои следните шест гема по ред за израмнување на 1:1 во сетови.

И во одлучувачкиот сет, Крејчикова прва направи брејк, но Пари прво со рибрејк успеа да се врати во игра, а потоа со новиот брејк во осмиот гем и да дојде до предност која ја задржа до крајот на мечот.
Пари, која е 97. Тенисерка на ВТА ранг-листата, во второто коло ќе игра против Камила Осорио од Колумбија.

Рафаел Надал со убедливи 6:2,6:2, 6:2 го победи Џордан Томпсон од Австралија и се пласираше во второто коло.
Два брејка во првиот сет беа доволни за Надал да го реши тој дел од играта во своја корист. Во вториот, Шпанецот поведе со 4:1, Томпсон потоа стигна до брејк, единствен во мечот, но немаше возбудувања,  Надал одново направи брејк за убедливи 6:2 и водство од 2:0 во сетови.
Третиот сет беше решен во петтиот гем, Надал уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот, освои пет гема во низа и лесно ја мина првата пречка.

Противник на Надал во второто коло ќе му биде Корентан Муте кој беше подобар од Станислас Вавринка во четири сета и тоа со 2:6,6:3,7:6,6:3.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ја нападнал братучетка си поради лоши семејни односи

Следно

Крис Прат и ќерката на Шварценегер добија принова, го открија и името

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian