Дваесет земји ветија дека ќе обезбедат оружје за Украина, изјави американскиот министер за одбрана

1 min read

Дваесет земји ветија дека ќе и достават оружје на Украина за да и помогнат да се спротивстави на руските сили, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон.

-Денешната средба помина многу добро, изјави тој.

-Многу земји ќе обезбедат артилериска муниција, системи за крајбрежна стража, тенкови и други оклопни возила што се потребни на армијата на Киев, додаде тој по состанокот на контакт групата за Украина.

Остин изрази посебна благодарност до Данска, која ќе обезбеди ракети Харпун за заштита на брегот на Украина. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Новинарски здруженија: Владата со народни пари фаворизира одредени приватни медиуми

Следно

Претседателот на ПСЖ тврди дека Реал можел да му понуди повеќе пари на Мбапе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian