Бугарски пратеник бара „враќање на коските на Цар Самуил“ како гест за кревање на ветото

2 mins read

Северна Македонија и ветото за нејзин влез во Европската унија не е водечка тема за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку земјата не даде гаранции или гестови дека ќе ги исполни преземените обврски. Еден таков гест е враќањето на коските на цар Самоил во нашата земја, изјави денеска Венко Сабрутев, пратеник од владеачката бугарска партија „Промената продолжува“ на премиерот Кирил Петков.

Моштите на Цар Самуил, инаку, не се чуваат во Македонија, туку во Грција, во Археолошкиот музеј во Солун.

Според Сабрутев, актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Северна Македонија.

-Нашиот западен сосед мора да ги исполни своите обврски и да направи гестови кон Бугарија за да му потврди на бугарскиот народ дека ќе ја промени својата политика, нагласил Сабрутев.

Пратеникот смета за прашањето за Северна Македонија треба да се бара национален консензус и не може да се очекува единствено решени.

-Секоја институција мора да ја одигра својата улога, мора да разговара со претседателот, владата и да има национален консензус меѓу народот, објаснил Сабрутев.

Тој прецизирал дека парламентот е институцијата која може да донесе одлука за Северна Македонија.

-„Промената продолжува“ предложи да се организира Консултативен совет за национална безбедност свикан од претседателот на државата, за да се слушнат сите гледишта на темата. Нека ни кажат службите за што се работи, дали имаме причини да одиме напред и дали треба уште малку да работиме, потенцирал Сабрутев, во изјава за „БНТ“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Велика Британија му оддаде почит на принцот Вилијам за неговиот 40-ти роденден

Следно

Договор за безбедносна соработка меѓу Велика Британија и Литванија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian