Били Ајлиш отворено за борбата со Туретов синдром: Сите мислат дека се обидувам да бидам смешна

2 mins read

Пејачката Били Ајлиш прозборе за Туретовиот синдром за време на гостувањето во најновата епизода од шоуто на „Netflix“ – „My Next Guest Needs No Introduction“ чиј водител е единствениот Дејвид Летерман. За време на шоуто, пејачката имаше тик, што воедно го предизвика разговорот за синдромот со кој се бори уште од детството.

Кога Ајлиш направи необично движење со главата и устата, Летерман ја праша дали тоа се должи на мува во просторијата, на што таа одговори дека има тикови и дека во овој случај тие се предизвикани од осветлувањето.

„Многу е чудно, речиси воопшто не зборував за тоа. Најчестата реакција што луѓето ја добиваат на тоа е смеење затоа што мислат дека се обидувам да бидам смешна. А мене тоа секогаш ме навредува и секогаш на крајот велам дека имам Туретов синдром“, изјави пејачката.

„Никогаш не би претпоставиле колку луѓе имаат Туретов синдром. Неколку уметници рекоа „отсекогаш сум имал Турет“ и тоа беше многу интересно“, рече Били.

„Многу сум збунета од ова нарушување и не го разбирам. Дијагностицирано ми беше кога имав 11 години. Како дете имав поблаги тикови, но тие со текот на времето се менуваа“, објасни таа и додаде дека има подобри и полоши периоди, но тие тикови никогаш не исчезнуваат целосно.

Некои од тиковите се допирање на ушната ресичка, подигање на веѓите, движења на вилицата и затегнување на мускулите на раката.

Туретов синдром е ретко нарушување на нервниот систем кое започнува во детството и вклучува повторливи движења или несакани звуци кои не можат да се контролираат. На пример, постојано трепкање, кревање раменици или тресење на главата. Во некои случаи, едно лице може да изговара навредливи зборови и неконтролирано да пцуе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мбапе за еден ден остана без 700.000 следбеници на Инстаграм

Следно

Утре Божествена литургија во Соборниот храм, посебен сообраќаен режим на улиците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian