169 санкционирани возачи во Скопје, 39 возачи на мотоцикли

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Кина најави рекордна жетва на житото

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Трета среќа: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го кажаа судбоносното „да“ во замок во Италија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian