Збунетиот Гвардиола ги повика навивачите на Јунајтед да ја прослават титулата на Сити

2 mins read

Манчестер сити се наоѓа пред освојување на нова шампионска титула во Премиер лигата, четврта во последните пет години и за да го повтори успехот на сер Алекс Фергусон, потребно е „граѓаните“ денеска да ја совладаат Астон Вила.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, дуелот со Астон Вила го најави како финале и притоа изненадувачки, ги повика навивачите на градскиот ривал да навиваат за неговата екипа.

Англиската јавност нема дилеми дека Манчестер јунајтед и Ливерпул се најголемите ривали во ангискиот фудбал и сигурно е дека фановите на „црвените ѓаволи“ не би сакале титулата да ја освои токму екипата на Ливерпул. Тој податок не го знаеше Гвардиола кој мислеше дека цела Англија навива за Ливерпул и не сака неговиот тим да се радува на крајот од сезоната.

– Дали сте сигурни дека навивачите на Јунајтед повеќе сакаат Сити да ја освои титулата отколку Ливепрул? Не знаев дека е така. Изгледа дека погрешив кога кажав дека цела Англија сака Ливерпул да ја освои титулата. Доколку е точно дека фановите на Јунајтед денеска ќе навиваат за нас тогаш ги повикувам заедно да ја прославиме титулата, доколку денеска ја совладаме Астон Вила. Но, ќе мора да облечат сини дресови – изјави Гвардиола.

Натпреварите од последното коло во Премиер лигата по кои ќе биде познато дали Сити или Ливерпул ќе ја освојат титулата ќе започнат во 17 часот. Манчестер сити на домашен терен ја пречекува Астон Вила и со победа ќе ја освои титулата, додека Ливерпул на својот „Енфилд“ игра против Вулверхемптон.
Во пресрет на последното коло, Манчестер сити е лидер на табелата со 90 бода, еден повеќе од Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мајмунските сипаници се појавија и во Грција? Се испитува сомнителен случај

Следно

На ранч кај Мариа Дуда Дибиаџио: Животните како терапевти против анксиозност и депресија:

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian