Воената состојба во Украина е продолжена до крајот на август

1 min read

Украинскиот Парламент изгласа продолжување на воената состојба и општа мобилизација за три месеци.

Врховната Рада гласаше за продолжување на воената состојба до 23 август, а општата мобилизација е продолжена за три месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно до Врховната Рада на Украина поднесе предлог-закони за продолжување на воената состојба и мобилизацијата, кои истекуваа на 24 мај.

Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, кога започна воената инвазија на Русија против таа земја.

kurir.mk

Претходно

МО ја поздрави одлуката на Независниот синдикат на професионални војници за откажување на протестот

Следно

Спектакл за крај во Премиер лигата, Сити во пол-позиција пред Ливерпул во трката за титулата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian