Виктор Давидовски, прв Македонец со победа на ТЦР Европа

1 min read

Виктор Давидовски испиша историја откако стана првиот Македонец кој остварил победа на ТЦР Европа. Тој ја одбрани пол-позицијата на трката за Големата награда на Франција возејќи совршено и без грешка.

„Многу сум среќен, за мене ова е прва победа во кариерата и затоа сум многу среќен. Направив многу добар почеток и по првиот круг направив добра разлика, па потоа бев малку порелаксиран и можев да се фокусирам на трката. Бев малку нервозен, но се фокусирав на моето темпо и како резултат на тоа можев да дадам се од себе за да победам“, изјави Давидовски по трката. 

Македонскиот возач досега беше најдобро пласиран како четврти на патеката Пол Рикар, вчера на првата трка заврши како шести, а денеска оствари сензационална победа.

Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите најдобро дестпласирани во квалификациите. Гаврилов заврши на второто место, Ориола беше третопласиран.

skopjeinfo.mk

Претходно

Лабуристот Ентони Албанезе ветува дека ќе го промени имиџот на Австралија

Следно

Еден-два победа на Ред Бул во Шпанија, Мерцедес конечно со добар тркачки викенд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian