ВИДЕО | Погледнете како се снимал филмот „Dirty Dancing“

1 min read

Вистинска реткост е да се најде човек на кој не му се допаѓа филмот „Dirty Dancing“. Исконскиот филм од 80тите години на минатиот век е врежан во нашата меморија благодарение на забавната приказна која ја следи Франсис „Бејби“ Хаусман, млада девојка која се вљубува во инструкторот по танц Џони Кесл, во улога на Патрик Свејзи, за време на летен одмор во ресорт.

Напишан од Еленор Бергстајн и режиран од Емил Ардолино, филмот „Dirty Dancing“ објавен во 1987 година е веќе класика и улогите на Џенифер Греј и Патрик Свејзи се незаборавни. Приказната е инспирација за многу идни дела на седмата уметност, но овој филм секогаш ќе биде дел од кинематографската и женска историја.

Погледнете го првиот екрански тест на актерите во кој многу очигледно може да ја забележите хемијата помеѓу Џенифер Греј и Патрик Свејзи од самиот старт на снимањето, која многу заводливо се пренесува во култниот филм и разбудете си носталгија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбојкарите од денеска во Скопје се подготвуваат за Европската сребрена лига

Следно

ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian