Турција го повика на разговор американскиот амбасадор

1 min read

Турското Министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор на разговор за да ја изрази својата нелагодност поради предупредувањето што амбасадата го објави на својата веб-страница во врска со вчерашниот митинг на опозицијата во центарот на Истанбул.

Извори во МНР изјавија дека Анкара му кажала на амбасадорот Џеф Флејк дека во американските изјави има неосновани наводи за мерките што ги преземале турските полициски сили за време на демонстрациите.

Илјадници луѓе се собраа вчера на протест против осудата на водечкиот турски опозициски политичар Џанан Кафтанчиоглу, кој е обвинет за навреда на претседателот и државата.

Американската амбасада во Турција на 18 мај објави предупредување на својата веб-страница за можна интервенција на полицијата за време на демонстрациите на опозицијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Скопје: Малолетник настрадал во сообраќајна незгода, потоа го претепале

Следно

Одбојкарите од денеска во Скопје се подготвуваат за Европската сребрена лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian