Спектакл за крај во Премиер лигата, Сити во пол-позиција пред Ливерпул во трката за титулата

2 mins read

Денеска  во последното коло од Премиер лигата ќе падне одлуката која екипа ќе го крене шампионскиот пехар, но и кои тимови ќе бидат патниците во европските купови, како и кои екипи ќе испаднат од најквалитетната англиска лига.

Сите натпревари ќе се играат од 17 часот, а главното прашање кое фудбалската јавност веќе извесно време го поставува е дали Манчестер сити ќе ја одбрани титулата. „Граѓаните“ пред денешниот натпревар против Астон Вила имаат 90 бода, еден повеќе од Ливерпул кој го пречекува Вулверхемптон.

Фудбалска федерација на Англија одлучи на двата стадиони да има шампионски пехари, на „Етихад“ во Манчестер ќе биде оригиналниот пехар, додека на „Енфилд“ ќе има реплика во случај Ливерпул да победи, а Сити да киксне и да остане без титулата.

Интересна се очекува да биде и битката за четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите. За тоа место се борат градските ривали од северен Лондон, Тотенхем и Арсенал. На Тотенхем му е потребен еден бод од дуелот со отпишаниот Норич за заверка на четвртото место и во следната сезона да игра заедно со Сити, Ливерпул и Челси во ЛШ.

Во последното коло ќе падне и одлуката која екипа ќе испадне во Чемпионшип дивизијата. Евертон во претпоследното коло го обезбеди опстанокот во Премиер лигата, и денеска ќе се дознае дали Барнли или Лидс ќе испаднат. И двете екипи имаат по 35 бода, но Барнли има подобра гол разлика и доволно му е да оствари барем идентичен резултат како и Лидс за да остане дел од Премиер лигата. Барнли на домапен терен игра против Њукасл, додека Лидс му гостува на Брентфорд.

Двојки за последно коло:
Арсенал – Евертон, Брентфорд – Лидс, Брајтон – Вест Хем, Барнли – Њукасл, Челзи – Вотфорд, Кристал Палас – Манчестер Јунајтед, Лестер – Саутемптон, Ливерпул – Вулверхемптон, Манчестер Сити – Астон Вила, Норич – Тотенхем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Воената состојба во Украина е продолжена до крајот на август

Следно

Лабуристот Ентони Албанезе ветува дека ќе го промени имиџот на Австралија

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian