„Шефот“ Мбапе го избрка Леонардо и го носи Зидан за тренер

3 mins read

Килијан Мбапе вчера предизвика фудбалски земјотрес со одлуката да го одбие Реал Мадрид и да потпише нов договор со ПСЖ каде ќе има можност да избира нови тренери и соиграчи, а неговата „моќ“ прв ја почувствува спортскиот директор Леонардо.

Иако не се соопштени деталите од новиот договор со кој Мбапе се обврза да остане на „Паркот на принцевите“ до 2025 година, француските медиуми шпекулираат дека напаѓачот ќе заработува помеѓу 75 и 100 милиони евра годишно, а само за потпис на договорот ќе инкарира неверојатни 300 милиони евра. Познато е и дека ќе има големо влијание во политиката на клубот и ќе биде „шеф“ на новиот проект на ПСЖ.

Првата жртва на „новиот шеф“ на ПСЖ е спортскиот директор Леонардо за кого француските медиуми објавија дека по вчерашниот натпревар против Мец, челниците на екипата му порачале дека повеќе нема да ја извршува функцијата.

Леонардо е најзаслужен за доаѓањето во ПСЖ на Нејмар, Кејлор Навас, Џанлуиџи Донарума, Лионел Меси, Серхио Рамос, Нуњо Мендеш, но медиумите и Мбапе му замеруваат што дозволил јужноамериканските фудбалери да владеат во соблекувалната и притоа ги ставил во втор план останатите играчи, вклучувајќи го и самиот напаѓач.

Неговото место се очекува да го зазеде Луис Кампос кој правеше чуда во Монако од 2013 до 2016 токму кога Мбапе играше за овој клуб. Кампос потоа премина во Лил со кого минатата година успеа да ја освои титулата во Лига 1.

Промени ќе има и на тренерската клупа, каде би требало да седне Зинедин Зидан. Токму Зидан е причината што Мбапе минатата година сакаше да направи трансфер во Реал,но наместо во Мадрид, се очекува тие двајца да соработуваат во Париз.

Зидан пред неколку недели ја одби понудата на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, да седне не клпупата бидејќи се надеваше дека ќе го наследи Дидие Дешан во француската репрезентација, но потпишувањето на нов договор на Мбапе би требало да ги смени работите.

Наводно, Мбапе им порачал на челниците на клубот да започнат нова рунда преговори со Зидан, а исто така и да направат се  што е во нивна моќ да го убедат Осман Дембеле за ПСЖ. Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30 јуни и францускиот репрезентативец се уште не одлучил дали ќе ја прифати понудата на каталонскиот тим или ќе се пресели во Париз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дваесет возачи возеле без дозвола, а исто толку пијани

Следно

Познатата плус сајз манекенка откри дека едвај го преживеала породувањето: Не беше лесно, но вредеше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian