Приближете се и најверојатно ќе бидете убиени: Запознајте ги најизолираните луѓе на светот, само еден човек успеал да им пријде

21 mins read

Смртта на американскиот мисионер Џон Ален Чау (26) во 2018 година кој на своја рака го посети изолираниот остров Северен Сентинел, го привлече вниманието на светот кон жителите на најверојатно најнепријателскиот остров на светот, за кои се претпоставува дека изминативе 60.000 илјади години живеат во изолација од целиот свет.

Луѓето што живеат на островот Северен Сентинел се едни од најретките групи на луѓе на светот што и покрај целата еволуција што низ годините се случувала во светот, тие останале изолирани од буквално сè.

Низ годините, нивната изолација се должи делумно на географијата – Северен Сентинел е мал остров, надвор од главните патеки за испорака, опкружен со плиток гребен без природни пристаништа – делумно поради законите за заштита што ги спроведува индиската влада – и делумно поради нивната континуирана жестока одбрана на својата територија, дом и приватност.

Северен Сентинел од птичја перспектива / Фото: Википедија
Мештани на Северен Сентинел / Фото:  Dinodia Photos / Alamy / Alamy / Profimedia

Но, кога зборуваме за овие изолирани луѓе мора да се напомене дека не е како досега да не биле контактирани од „останатото“ човештво; во текот на последните 200 години, „аутсајдери“ пристапиле на територијата островот Северен Сентинел со цел да го истражат островот во повеќе обиди, но скоро секогаш, средбите лошо завршувале за обете страни.

Кои се всушност овие луѓе? Што знаеме за нив?

Според заложбите за попис во 2011 година, а врз основа на проценките на антрополозите за тоа колку „животи“ би можел да поддржи островот, веројатно на ова изолирано место живеат помеѓу 80 и 150 луѓе. Но, се напоменува дека на островот може да има дури 500 или дури 15 лица. Сентинелијците се поврзани со други домородни групи во Андаманските острови, ланец острови во индискиот залив на Бенгал.

Сепак, луѓето од Северен Сентинел биле изолирани доволно долго, што другите групи кои живеат на Андаманските острови, како Онге и Јарава, не можат да го разберат нивниот јазик.

Принтскрин од ретки снимки направени во 90тите, видеото е достапно на крајот од четивото 

Врз основа на единствената посета досега реализирана на едно сентиелинско село во 1967 година, знаеме дека тие живеат во колиби со закривени покриви; Индискиот свештник кој ги посетил опишал група колиби, изградени така што биле свртени една кон друга, со внимателно поставено огниште пред секоја од колибите. Знаеме и дека тие градат весли за мали и лесни чамци (кану) кои ги маневрираат со долги столбови во релативно плитките, мирни води во внатрешноста на гребенот.

Со таквите лесни чамци, луѓето од Северен Сентинел ловат риба и ракчиња. Мештаните се ловџии, а се претпоставува дека нивниот животен стил е сличен на, за нив сродните Андамански народи – најверојатно живеат на диета од овошје и диви израстоци присутни на островот, јајца од галеби или желки, а понекогаш и храна од лов на диви свињи или птици.

Принтскрин од ретки снимки направени во 90тите, видеото е достапно на крајот од четивото

Сентинелците носат копја, ножеви, лакови и стрели, а модерниот човек, како недобредојден посетител на овој остров низ годините го научи тоа на потешкиот начин. Многу од овие алатки и оружја се натопени со железо, кое до Сентинелијците најверојатно доаѓа по брегот, па го обработуваат за да го приспособат на нивните потреби.

Најголемата мистерија е јазикот на кој овие луѓе комунциираат. Екипи за спасување кои во деведесетите се наоѓале во близина на островот ја опишале глетката од огнот и звуците кои надоаѓале од островот, но досега ништо кое досега човекот го слушнал не звучи познато.

Принтскрин од ретки снимки направени во 90тите, видеото е достапно на крајот од четивото

Многу битен фактор за антрополозите е сознанието како овие луѓе се самонарекуваат настрана името кое човекот му го има дадено на островот, Северен Сентинел, но до 2020 година, се уште не можеме да го потврдиме тоа, односно како всушност самите луѓе кои живеат на островот се нарекуваат измеѓу себе. Човекот се уште не успеал да оствари мирен поздрав со населението на овој остров, а камо ли да реализира конверзација и да ги праша за секојдневието или нивните гледишта за светот.

Она што засигурно го знаеме е дека не сакаат друштво и досега успеаја да го доловат тоа и без употреба на говор.

Зошто луѓето што живеат на Северен Сентинел не сакаат друштво на островот? Како реагираат на „аутсајдери“?

Една ноќ во далечната 1771 година, брод на некогашната компанија „Источна Индија“ пловел покрај Сентинел, кога екипажот забележал светлина од брегот на островот. Но, бродот случајно поминувал оттаму, односно бил на мисија за хидрографско испитување и немал никаква причина да запре, па Сентинелиј најверојатно останал изолиран околу еден век, сè додека индискиот трговски брод наречен „Ниневија“ започнал да го истражува гребенот. 86 патници и 20 членови на екипажот успеале да стигнат до плажата на островот. Се сместиле и биле на островот цели три дена, кога мештаните одлучиле да ги казнат „натрапниците“ па ги пресретнале со лакови и железни стресли. За оваа средба сведочи само страната на екипажот од Ниневија, бидејќи луѓето оттаму одбиваат каков било контакт со „аутсајдери“.

Фотографија од непознато андамајско племе, најверојатно станува збор за мештани на Северен Сентинел (1870) Фото: Википедија

Екипажот и патниците на Ниневија на железните стрели одговориле со камења, при што создале опасно тензична бариера, се додека не пристигнала помош од Кралската морнарица и ги спасила оние што го преживеале непријателскиот пречек. Додека биле „во околината“, Британците решиле да го декларираат Северен Сентинел како нивен остров, дел од Британската колонија, одлука која била битна само за Британците, се до 1880 година.

Тогаш, Морис Видал Портман, млад офицер на Кралската морнарица ги зема под своја заштита Андаманската и Никобарската колонија. Во тој период, младиот офицер Портман ентузијастички се самоперцепирал како антрополог и во 1880 година отишол на Северен Сентинел со голема група на морнарски офицери, осуденици од колонијата на островот Андаман и Андамански трагачи.

Морис Видал Портман со мештани од Андамански острови / Фото: Википедија

При посетата затекнале напуштени села, најверојатно бидејќи мештаните забележале дека на островот се присутни голем број луѓе, па заминале на други острови за да се скријат. Сепак, еден постар пар и четири деца останале на островот. Откако биле забележани од младиот офицер и неговата придружба, тие ги однеле на пристаништето Блер, колонијалната пресолнина на островот Јужен Андаман. Наскоро, шесте киднапирани луѓе од Сенинел станале „очајно болни“, па неочекувано починале. По нивната смрт, младиот офицер Портман решил да ги остави четирите деца на брегот на островот Сентинел со подароци, како храна. Тоа е се што знаеме за оваа средба, без идеја како ја исперцепирале мештаните…

…Сепак, се претпоставува дека мештаните на Северен Сентинел многу добро запаметиле што се случило, барен судејќи по тоа што се случуло 16 години подоцна, во 1896. Тогаш, еден осуденик при колоноијата на Јужен Андаман, бегајќи од островот завршил на островот Северен Сентинел. Неговото тело било пронајдено на брегот од трагачи на колонијата, целосно избодено, а му бил пресечен и вратот. Британците тогаш решиле да ги остават луѓето од Северен Сентинел „на мира“, се до следниот век.

Дали воопшто постои можност за остварување комункација?

Години после случките со бродот на Ниневија, како и исто како младиот офицер Портман кој со придружбата го истражувале островот, со таква цел тргнал и друг тим на антрополози, во водство на Тринок Нат Пандит, индиски свештеник и антрополог, кога ја застекнале истата слика – напуштени населби.

Мештаните толку бргу избегале што огништата се уште им биле разгорени. Пандит и негата придружба оставиле подароци: текстил, благо и алати. Но сепак, и тие земале од нив копја, лакови и стрели, на што други антрополози се противеле, бидејќи не остава добра порака за „надворешниот свет“.

Во меѓувреме, островот Северен Сентинел се наоѓа под законска неизвесност откако Индија ја прогласи својата независност во 1947 година. Во 1970 година, Индија го прогласи малиот изолиран остров за свој, а Пандит и неговите колеги пробаа да го доловат тоа преку глинена табла која ја оставија на брегот, на што немаше одговор од страна на мештаните на Северен Сентинел.

Пандит и тимот антрополози продолжиле да се обидуваат да воспостават контакт, најчесто преку оставање на подароци на брегот, како кокоси и животни.

Пандит за време на револуционерната средба со мештаните во 1991 година / Фото: Принтскрин, NYtimes

На мештаните воопшто не им било гајле за живите свињи, кои ги убивале, па ги закопувале на плажата, а уште помалку за пластичните кофи. Но, изгледале задоволно од подароците како метални садови и тави, а почнал да им се допаѓа и кокосот, кој не расте на нивниот остров.

Пандит и тимот ги доставувале на островот подароците во форма на спакувани вреќи, најчесто пречекани со насочени стрели и копја кон нив, се додека не си заминат.

Им носат вреќи и им ги покажуваат кокосите, симбол кој наговестува дека им носат подароци

Така, 25 години, без никаков директен контакт, Пандит и тимот преку „празните“ посети успеаја да воспостават некаков темел за градење на доверба.

Посетите биле неростојани до 1981 година. За време на една посета на Пандит во 1974 година, се приклучила и екипа на National Geographic на островот Северен Сентинел, кога режисерот си заработил стрела во бутот од мештаните.

Во 1975 година протераниот крал Леополд III од Белгија бил на тура и се наоѓал во близина на островот Северен Сентинел, кога мештаните го нападнале со копја.

Леополд III од Белгија / Фото: Википедија

Поради некоја причина, Леополд бил воодушевен од таквиот пречек. Во 1981 година, карго брод наречен Примроуз и екипаж составен од 28 лица по настанат проблем при навигацијата на бродот биле принудени да застанат на брегот на островот, а морнарите биле спасени со хеликоптер. Луѓе кои во наредните години го посетиле островот велат дека мештаните на Северен Сентинел го искористиле металот од бродот за изработна на алати и оружје. За луѓе кои железото го прибираат кога случајно ќе се појави на брегот, материјалот од бродот можеби го перцепирале и како подарок.

Истата година Пандит и неговиот тим ги зачестиле обидите за контакт, поминувајќи од островот секој втор месец.

Мештани стојат на брег од плажа на Северен Сентинел / Фото: Dinodia Photos / Alamy / Alamy / Profimedia

Една деценија подоцна, се ипоставило дека конзистентноста од безконтакните посетите низ годините се исплатела, кога станува збор за напредок во взаемната комуникација.

Така, еден во 1991 година, група мештани од Северен Сентинел дошла да ги пречека подароците без оружје, само со корпи и алатки кои ги користеле за да ги отворат кокосите (за овие алатки подоцна се покажало колку се само корисни во самоодбрана). Во тој момент, мештаните најмногу се доближиле до „аутсајдерите“, односно до човештвото надвор од островот. Подоцна во денот, кога антрополозите се вратиле да им донесат уште подароци, забележале дваесетина мештани како стојат на плажата, кога се случила интересна сцена.

Еден маж ги намесил своите лак и стрела за да нишани кон посетителите, кога една жена ја спуштила стрелата надолу. Тогаш мажот ги закопал лакот и стрелата во песокта. Се уште е непознато дали антрополозите затекнале прогрес во однос на взаемната комуникација или ритуал. Во секој случај, мештаните среќно ги прибрале очекуваните кокоси во своите корпи.

Принтскрин од ретки снимки направени во 90тите, видеото е достапно на крајот од четивото

Но, гостоприството на мештаните од Северен Сентинел имало свои граници. Во друга посета, еден маж му сигнализирал на Пандит дека е време за гостите да заминат – со цртеж со ножот и гестикулација на сечење со него.

„Доколку се обидевме да останеме на нивната територија без да ги почитуваме нивните желби или пак премногу се доближевме, тие го вртеа грбот, што значеше дека се навредени. Доколку нашите посети не беа брзи, односно само да ги оставиме подароците и брзо да заминеме, тие ќе не нападнеа со оружје, копје или стрели“, рекол Пандит во изјава за „Индиан Експрес“.

Сепак, и покрај напредокот, односот помеѓу мештаните и антропологистите никогаш не премина во нешто повеќе од подарување кокоси од страна на антрополозите.

Мештаните од Сентинел никогаш не понудиле свои подароци на Пандит и неговиот тим кои им носеле подароци две децении, а никогаш и не ги поканиле во внатрешноста на островот и ниту една од страните не дозна како орално да комуницира, бидејќи во текот на сите тие години, целата комуникација се сведувала само на мимики и гестикулации.

Ова е една од ретките достапни снимки од посетите на Пандит на островот:

Што се случува последниве години на мистериозниот остров?

Кога Индиските крајбрежни чувари по цунамито во 2004 година прелетаа со хеликоптери над островот, ги затекнале мештаните на Северен Сентинел во одлична форма, но тие не биле воопшто среќни за посетата, па почнале да ги напаѓаат хеликоптерите со стрели.

Во 2006 година, брод кој илегално ловел ракови застанал на брегот на островот, кога мештаните ги убиле лицата од екипажот и ги закопале нивните остатоци на брегот.

Со оглед на целата историја за овој остров, така воопшто не зачудува ни фактот што откако мештаните на Северен Сентинел го здогледале Американецот Џон Ален Чау, не биле пријателски настроени кон него.

Џон Ален Чау (десно) / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џон Ален Чау (26) бил христијански мисионер кој сакал да им го „покаже Господ на сите“ и воедно последната позната жртва усмртена од луѓето мештани на островот Северен Сентинел. На 15 ноември 2018 година, тој првпат пристапил на островот со уште еден човек кој го однел дотаму. Џон тогаш сметал дека доколку ја тргне облеката од себе, мештаните ќе го перцепираат како близок. Како што се доближувале, мештаните со обоени жолти лица почнале да испуштаат крици и да се собираат.

„Јас сум Џон!“ извикувал тој од кајакот, „Ве сакам и Господ ве сака“.

Мештаните го нанишаниле стрелите кон него, по што многу се вознемирил и исплашено им ги подал подароците. Како што пишува во неговиот дневник, никогаш претходно во животот не бегал така од нешто, пишува Гардијан.

Кајакот со кој Џон се упатувал кон мештаните на Северен Сентинел / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Откако отишол до бродот за да земе уште подароци, се вратил и ги оставил на групата која го нападнала, по што мештаните почнале да извикуваат нешто на нивниот јазик. Џон се обидел да го повтори тоа што го кажуваат, по што му се изнасмеале. „Најверојатно ми кажуваа нешто лошо“, констатирал тој во неговиот дневник. Потоа почнал да пее христијански песни.

За момент, мештаните го толерирале неговото присуство на брегот…

Набрзо, момче го погодила со стрела, која се заглавила во водоотпорната Библија која ја држел. Џон ја извадил стрелата, ја вратил на момчето и се повлекол. Мештаните му го земале кајакот, по што Џон морал да плива до лицето кое со брод го однел дотаму.

„Исплашен сум“, напишал во својот дневник истата ноќ. „Можеби мислите дека сум луд, но јас сметам дека е вредно за овие луѓе да го запознаат Господ“, им напишал на своите најблиски.

Неколку дена пред да исчезне, дневникот наведува дека Џон не сакал да умре, но и дека бил сосема свесен во каков ризик се впушта.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тој пробал уште еднаш, трет пат, да им пристапи на мештаните од Северен Сентинел. Тогаш го замолил морнарот да го остави подалеку, за да отплива до нив, мислејќи дека доколку бродот не е во видикот, така мештаните ќе имаат повеќе доверба во него и полесно ќе го прифатат. Тој ден, Џон Ален Чау (26) за последен пат бил виден жив.

Неговата смрт предизвика дискусија за заштита од изолирани групи на луѓе како што се мештаните на островот Северен Сентинел. Пандит, кој е единствениот човек кој успеа да комуницира на некој начин со овие луѓе, во јавноста сугерираше да се остават, да бидат какви што се. Според сега пензинираниот антрополог, мештаните на овој мал изолоран остров, многупати дале дознаење дека не сакаат друштво и дека самите како такви функционираат сосема добро.

Според последните информации од 2018 година, индиски официјални трупи го посетиле островот последно во 2011 година.

Во продолжение погледнете ги овие две видеа од ретки снимки направени во островот:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РК Вардар лесно го мина Бутел и дојде на еден чекор до титулата

Следно

Која е моментално најскапата валута во светот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian