Познатата плус сајз манекенка откри дека едвај го преживеала породувањето: Не беше лесно, но вредеше

2 mins read

Плус сајз моделот Ешли Греам во јануари стана мајка на близнаци, а по извесно време пауза од социјалните мрежи, сега откри дека едвај го преживеала породувањето поради обилно крварење, пренесува „PageSix“.

34-годишната Ешли се породила дома на почетокот на годината и на свет донела две прекрасни момчиња, Малахи и Роман. Иако дотогаш на своите профили водеше „дневник за бременоста“, по породувањето ги извести своите обожаватели дека ќе им посвети малку време на децата и на своето закрепнување.

Сега таа за „PageSix“ откри некои детали од породувањето, меѓу другото, дека тоа се случило во нејзината бања, поточно во када, по што ѝ се слошило. Во тие моменти, Ешли била опкружена со „тим од вешти и обучени професионалци“ и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, а како што откри се сеќава само како во еден момент поцрнела и „ги видела ѕвездите“. Кога се освестила, манекенката тврди дека насекаде имало крв, а подоцна дознала дека изгубила „литри“.

„Не сакаа да ми кажат дека една од акушерките морала да ме преврти и да се обиде да го запре крварењето, а јас имав проблем со вената на раката и не можеа да ми вметнат игла“, раскажа Греам.

Иако момчињата биле добро, Ешли останала врзана за кревет следните четири дена и не можела да оди во следните седум.

Таа поминала два месеци дома, а тешкото породување го навести со својата објава на „Твитер“, пишувајќи: „Ми треба време да се опоравам и да се поврзам со сопругот и момчињата. Ова не беше лесно, но вредеше“, напиша таа во тоа време.

Покрај близнаците, Греам и нејзиниот сопруг го имаат и двегодишниот син Исак, а по него во 2021 година, манекенката доживеала абортус. Моделот ја нарече загубата „погубна“, велејќи дека тоа било една од најголемите загуби што ги доживеала во животот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шефот“ Мбапе го избрка Леонардо и го носи Зидан за тренер

Следно

Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian