„Патување со несреќен крај“: Трагедијата што го обележа животот на принцот Чарлс

6 mins read

Детално испланираното кралско зимско патување кое требало да биде уште едно убаво сеќавање и оттргнување од грижите, проблемите и пречките – завршило со трагичен крај.

Во март 1988 година прицот Чарлс, неговата сопруга Дајана, пријателите Хју Линдзи, Чарли Палмер-Томкинсон, неговата сопруга Пети и снаата Сара Фергусон заминале на зимски одмор во скијачкиот центар Клостерс на швајцарските Алпи. Тие станале сведоци на трагичниот настан што оставил голем белег во нивниот живот.

Веднаш откако кралските фоторепортери објавиле идилични фотографии од принцот Чарлс и принцезата Дајана како уживаат на швајцарските Алпи, молскавично се раширила веста за трагедијата што го вознемири целото кралско семејство.

Instagram
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Дајана и Ферги не биле на падините кога се случила катастрофата, но за жал, еден од нивните пријатели загинал, а Патриша Палмер-Томкинсон добила тешки повреди на нозете.

Еден член од друштвото загинал во лавина што го зафатила ски-центарот, а во тоа време неколку часа се шпекулирало дека можна жртва е самиот принц Чарлс. Подоцна се дознало дека Хју Линдзи, долгогодишен поданик на кралицата Елизабета Втора и близок пријател на нејзиниот син Чарлс, починал.

Во тие години, несреќата била од голем интерес за медиумите, но поради почитување на приватноста на семејството на починатиот, во јавноста се дозирале само потребните информации, со сочувство за ужалената вдовица Сара Хорсли.

Сето ова ќе останеше во минатото, длабоко врежано во тажните сеќавања на британското кралско семејство, но трагедијата уште еднаш беше прикажана во контроверзната серија „The Crown“ која пред неколку години го разбранува кралското семејство. Наградуваната серија за британското кралство посвети цела епизода на овој ски настан што го одбележа животот на принцот Чарлс.

Вдовицата Сара Хорсли, која го изгуби сопругот со кого била во брак само една година во 1988 година го изгубила и идниот татко на нејзиното неродено дете, сè уште не е имуна на овој настан.

Затоа таа ја контактирала продукцијата на серијата, сакајќи да ја отстранат трагедијата од ски-центарот од сценариото, но нејзината желба очигледно не беше исполнета. Сите што веќе ја гледале серијата имаа можност да го видат настанот и иако не беа прикажани сцените на самата несреќа и лавината што проголтала сè пред себе, беа снимени спомените на принцот Чарлс за таа трагедија.

Што всушност се случило тој несреќен зимски ден на Алпите?

Како и секоја година до тогаш, почетокот на март за помладите членови на британското кралско семејство било резервирана за заедничко зимско патување. Така, во 1988 година ги спакувале куферите и заминале на швајцарските Алпи со приватни авиони, желни за нови авантури и добро друштво.

Иако не била одлична скијачка, принцезата Дајана секогаш сакала да поминува што повеќе слободно време со својот сопруг, и иако серијата покажува дека брачните конфликти со Чарлс во тоа време биле неиздржливи, упатените тврдат дека тогаш всушност брачната состојба сè уште била под контрола.

profimedia
Фото: Profimedia

Само еден ден подоцна, принцот Чарлс, сакајќи да ги тестира своите скијачки способности, со неговиот пријател Хју Линдзи и парот Палмер-Томкинскон заминале во „забранетиот дел“ на ски-центарот.

Во придружба на неколку полицајци (кралските телохранители не биле толку искусни за вакви патеки), тие извесно време скијале идилично, а потоа ги зафатило лавина што им ги смени животите засекогаш.

Во несреќата загина Хју Линдзи, на возраст од само 34 години, оставајќи ја зад себе својата бремена сопруга Сара Хорсли, која во тоа време била во Лондон.

Британскиот престолонаследник и останатите кои биле присутни со сите сили се обидувале да помогнат да се извлече телото на пријателот на Чарлс, за кратко потоа да сфатат дека е предоцна. Директно од ски-центарот, сите биле пренесени во болница во Давос.

Во тие моменти не било воопшто лесно и за принцезата Дајана, ниту за нејзината снаа Сара, која не отишла на скијање тој ден, па решила да остане во хотелот. Сара имала добра причина, затоа што била на почетокот на нејзината прва бременост односно била бремена со принцезата Беатрис, а Дајана никогаш не била страствена скијачка.

Страшната вест многу брзо стигнала до Велика Британија, односно кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, кои со часови чекале информации дали нивниот син Чарлс преживеал.

По враќањето од планината во Лондон, принцот Чарлс, принцезата Дајана и другите се обиделе да договорат достоинствено испраќање на нивниот близок пријател, а на аеродромот во Лондон ги чекала младата Сара Хорсли.

Принцот и принцезата биле покрај Сара, која во тоа време работела во одделот за односи со јавноста на Бакингемската палата и биле нејзина најголема поддршка во следните години.

Принцот Чарлс станал кум на малата Алиса, ќерка на неговиот починат пријател, која никогаш не го запознала својот татко. Сара Хорсли еднаш изјави дека имала многу блиски односи со принцезата Дајана и можела да и се обрати во кое било време од денот и ноќта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Милан по пауза од 11 години повторно е шампион на Италија

Следно

Ковачевски – Фасино: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian