Новак Ѓоковиќ и неговите осум златни правила во исхраната: Прво чаша вода, па сè друго

1 min read

Кога го сменил начинот на исхрана и намирниците што ги внесува во телото, Новак Ѓоковиќ драстично напредувал во играта.

Во 2010 година Ѓоковиќ го сменил начинот на исхрана и тоа му донело неверојатен подем во светот на тенисот. Од 2011 година тој стана гладијатор на тениските терени, кој ги добива натпреварите и по шест часа игра.

Оттогаш Новак ги почитува овие свои 8 правила, кои ги опишува во неговата книгата „Сервирај за победа“.

1. Не јаде глутен и млечни производи.

2. Шеќерот го сведува на минимум.

3. Неговата исхраната се базира на зеленчук, грав, риба, овошје, семки и здрави масла.

4. Со години не јаде црвено месо.

5. Најголемиот дел од неговото мени е од растително потекло.

6. Храната долго треба да се џвака за подобро да се свари.

7. Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

8. Чаша со млака вода пие веднаш по станување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва сензација на Ролан Гарос, Жабер во аут

Следно

МО ја поздрави одлуката на Независниот синдикат на професионални војници за откажување на протестот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian