Кралицата Елизабета тајно им ги „отворила вратите“на украинските бегалци

2 mins read

Кралицата Елизабета Втора и британското кралско семејство во тајност им ги „отвориле вратите“ на украинските бегалци, пишува „Daily Mail“.

Сè уште не е познато дали тие само го финансирале нивниот престој во Велика Британија или им дозволиле да останат на некои од земјиштата што ги поседуваат.

Извор близок до кралското семејство тврди дека членовите се договориле да направат нешто за луѓето кои избегале од Украина по руската инвазија. Иако досега донираа значителна сума за помош на украинските семејства, тие не сакале да споделат дополнителни информации со јавноста.

Според британските медиуми, во нивната земја досега пристигнале речиси 54.000 украински бегалци, а кралското семејство заедно со политичарите и бизнис лидерите ќе им помогне да најдат сместување и да им обезбедат егзистенција. Имено, дури шест милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија.

Британскиот таблоид „Express“ пренесе официјално соопштение од Бакингемската палата во кое се потврди дека членовите на кралското семејство се вклучени во голем број проекти за помош на бегалците, но не сакаа да откријат кои.

Самата кралица испрати порака за поддршка на Украина кога неодамна се појави на свеченоста во жолто-сина модна комбинација. Освен тоа, таа наводно често нарачувала цвеќе за замокот во истите две бои, односно боите на украинското знаме.

„Овие работи не се случуваат случајно“, открил извор близок до палатата.

Порака за поддршка за Украина испратија и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл кога го поддржаа украинскиот тим на отворањето за време на игрите „Invictus“ во Холандија.

„Слава на Украина“, извикала Меган.

Секако, во акција е и омилената кралска двојка принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои при посетата на Украинскиот културен центар во Лондон повторија дека се тука за нив.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жесток судир со навивачите на Хајдук во Хрватска: Полицијата употреби огнено оружје

Следно

Северна Кореја информира за уште 186.000 случаи на „треска“ во епидемијата на Ковид-19

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian