Ковачевски – Фасино: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

1 min read

Прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа, констатирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино.

На средбата, пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан на Ковачевски, е истакнато традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности.

„Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан“, наведуваат од владината прес-служба.

Ковачевски во тек на престојот на Ватикан и Рим ќе има аудиенција кај папата Франциск и ќе присуствува на молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“, а во работниот дел од посетата се најавени средби со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги, како и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Патување со несреќен крај“: Трагедијата што го обележа животот на принцот Чарлс

Следно

Актуелниот 78 годишен австриски претседател ќе се кандидира за втор шестгодишен мандат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian