Георгиевски не успеа да донесе нов медал, загуби во четвртфиналето на ЕП

1 min read

Актуелниот олимписки вицешампион, Дејан Георгиевски, не успеа повторно да ја израдува нацијата и да се закити со медал на Европското првенство во таеквондо што се одржува во Манчестер, Англија.

Георгиевски во категоријата над 87 килограми, загуби во четвртфиналето од Хрватот Паско Божиќ со 9:20.

На Европското првенство, Македонија ја претставуваа тројца таеквондисти, Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска и Филип Додевски.

Додевски загуби од Турчинот Таха Биџер, додека Анамарија Георгиевска беше поразена од Магда Вет Хенин од Франција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минчев: Бугарија не се подготвува да го крене ветото за Северна Македонија

Следно

ФОТО | Марта од Алабама на 94 години првпат облекла венчаница поради расизам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian