Фото: Мечките Марко и Мартина од скопската Зоолошка се преселија во Швајцарија

1 min read

„Скопје ЗОО и Four Paws International во уште една успешна мисија. Двете мечки од скопската зоолошка отпатуваа во нов живот во резерватот во Швајцарија – Arosa Bearland Sanctuary“, соопшти скопската Зоолошка градина.

„Живеалиштето за мечки во нашата зоолошка е едно од постарите, а мечињата кои живеат тука уште од мали се донесени овде бидејќи останале без мајки поради човечки фактор и недозволен лов. Во недостиг на резерват за мечки во државата, секогаш тимот на ЗОО Скопје се обидувал да помогне на што повеќе мечки, но градината нема доволно простор за сите.

Во живеалиштето за мечките, до средата живееја четири мечки во три посебни делови. Бим и Бум во заеднички дел, а братот и сестрата кои имаат по 18 години во две посебни живеалишта. Не беше возможно да се направи реконструкција на живеалиштата, ниту пак редовно да се средуваат поради тоа што немаше начин ниту простор да се спојат сите четири мечиња“, велат од Зоолошката градина.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бајден: Мајмунските сипаници се причина за загриженост

Следно

Мајмунските сипаници се појавија и во Грција? Се испитува сомнителен случај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian