Чавушоглу оди во Израел, прва посета по 15 години

1 min read

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу в среда ќе го посети Израел. Ова ќе биде прва посета на турски министер за надворешни работи во Израел во последните 15 години. Веќе некое време двете земји продолжуваат да ги обновуваат своите односи, потсетува Сабах.

Чавушоглу неодамна објави дека планира да го посети Израел на 25 мај за да се сретне со израелскиот колега Јаир Лапид. Чавушоглу планира да ги посети и палестинските територии, ден пред посетата на Израел.

Во последните недели Турција и Израел работеа на зајакнување на долгогодишните врски, а енергијата се појавува како потенцијална област за соработка.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Која е моментално најскапата валута во светот?

Следно

Кошаркарките на Бадел 1862 го вратија шампионскиот пехар во своите витрини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian