Во Скопје 175 изречени сообраќајни прекршоци

1 min read

 Изречени се 175 мерки во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведе полицијата вчера на територија на град Скопје, меѓу кои 46 мерки за прекршоци од пешаци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за возење повеќе од дозволената брзина и за возење без возачка дозвола се изречени по 16 санкции, осум мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возење под дејство на алкохол, седум санкции за некористење сигурносен појас…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Епилептични напади: Како да ги препознаете, но и да помогнете некому што боледува од епилепсија

Следно

ФОТО+ВИДЕО | „Македонски лавици“: Трифун Костовски запеа на јубилејната забава на „Кометал Ѓорче Петров“

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian