Екипата на Риека во рамките од последното 36 коло во најсилното хрватско првенство триумфираше на домашен терен против Драговољац со 1:0.
Единствемиот гол беше реализиран уште во втората минута со голот на Колумбиецот Обрегон после асистенцијата на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Нашиот играч настапи во првото полувреме, а беше заменет на стартот од вториот дел (46`).
Риека ја заврши сезоната со вкупно 20 победи доволни за четвртото место кое носи учество летово во квалификациите за Лигата на конференции.
Се шпекулира дека Велковски, кој ја играше својата четврта сезона во дресот на Риека, можно е наскоро да го напушти клубот. Пред да се пресели во Хрватска нашиот 26-годишен дефанзивец ги бранеше боите на Вардар и Работнички.
Велковски асистенција Риека pic.twitter.com/EW9BX8YW6D
— Sport 88 (@FidanFidanmk) May 21, 2022