ВИДЕО: Лајпциг се закити со својата прва титула во историјата

1 min read

Екипата на Фрајбург можеше да дојде до својот прв трофеј во историјата, исто како и Лајпциг, а на крајот славеа играчите на Доменико Тедеско после пенал серијата.

На Олимпискиот стадион во Берлин во финалето од Купот на Германија Фрајбург имаше гол и играч повеќе, но не ја искористи ваквата предност, Лајпциг на крајот излезе како победник по подоброто изведување пенали. Во регуларниот дел беше 1:1, по 120 минути на сила беше истиот резултат, а на пенали играчите на Лајпциг беа подобри со резултат 2:4.

Егештајн го доведе Фрајбург во водство во 19 минута, а во 57 минута Лајпциг остана со играч помалку поради грубиот прекршок на Халштенберг.

Оттогаш па до 120 минута Лајпциг играше со играч помалку, во 76 минута Нкунку успеа да го израмни резултатот, а потоа во продолжение немаше голови.

Фудбалерите на Фрајбург имаа и повеќе од играта, неколку сериозни шанси, но не постигнаа гол. Во ударите од белата точка поуспешниот Лајпциг, ги искористи сите четири пенали и така го освои првиот трофеј во историјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија купува противтенковски ракети

Следно

Големи нереди на автопатот кај Загреб, навивачи на Хајдук се судрија со полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian