ВИДЕО: Голден стејт после пресврт до 2:0 против Далас

1 min read

Кошаркарите на Голден стејт го совладаа на домашен терен Далас со резултат 126:117 и поведоа со 2:0 во победи во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Домаќините до триумфот дојдоа после пресврт, на полувремето беа во „минус 14“, а во еден момент и на „минус 19“ негатива во втората четвртина.

Најефикасен во редовите на Вориорси беше Стеф Кари со 32 поени, од кои шест тројки, запиша и осум скока.

Во редовите на Маверикси не помогна новата фантастична партија на Лука Дончиќ кој за 38 минути на паркетот забележа 42 поени, од кои 18 во првата четвртина.

Серијата се сели во Далас, третиот натпревар од западното финале е на програмата в недела.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора го слави Денот на независноста

Следно

Интервју со Билјана Клекачкоска, воскресија на филигранството: Што е тоа што го тера пештерскиот човек од пред 75.000 години да се накити?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian