Трагедија во Тетово: Шестгодишно дете се удави во Пена, мајката не успеа да го извлече

1 min read

Вистинска животна драма денеска се одвивала на брегот на реката Пена, во тетовската населба Деребој кога шестгодишно дете кое си играло во дворот од семејната куќа во еден момент се оддалечило и дошло до брегот на реката.

-Шестгодишното момче паднало во водата, по што неговата мајка се фрлила во надојдената река но не успеала да го спаси, објави Телма.

Двајца соседи кои ги слушнале нејзините повици за помош, успеале да ја извлечат жената од реката, но не и да го извлечат нејзиниот син кого речната струја го одвлекла надолу.

По четири часа потрага од страна на пожарникарите, полицијата и спасувачките екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, безживотното тело на момчето е извлечено од реката попладнево во 17 часот.

Телото на момчето е предадено на обдукција, а полицијата изврши увид и ги истражува околностите за овој трагичен настан во Тетово.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како убавата адвокатка на Џони Деп стана ѕвезда преку ноќ?

Следно

Морисон го призна поразот на изборите во Австралија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian