Шампионот на Турција покажува интерес за Алиоски

1 min read

Како што пренесуваат турските медиуми, Езџан Алиоски (30) се наоѓа на листата желби на турскиот шампион Трабзонспор кој е во потрага по нов лев бек.

И минатата година Трабзонспор ја следеше ситуацијата со нашиот играч, еве повторно покажува интерес и се наоѓа на листата летни желби.

Трабзонспор кој стана првак на Турција после 38 години, директно е сместен во плеј-офот, само една пречка ќе треба да помине за да се пласира во групите на Лигата на шампионите.

Во спротивно, доколку не успее да го помине плеј-офот, ќе обезбеди учество во групите на Лига Европа.

Оваа сезона македонскиот репрезентативец имаше 24 настапи во дресот на Ал Ахли од Саудиска Арабија со шест голови и осум асистенции.

Алиоски претходно ги бранеше и боите на Лидс, Лугано, Шафхаузен и У23 тимот на Јанг Бојс. За нашата најдобра селекција досега има 56 настапи и 12 погодоци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ-Орбан: Унгарија и Србија може да сметаат една на друга

Следно

Руска инфлуенсерка која јавно го поддржува Путин пристина во Кан: Организаторите мета на критики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian