Се запали магацински простор во Скопје кај старата фабрика „Комуна“

1 min read

Утрово околу 04.55 е добиена пријава дека е настанат пожар кај старата во фабриката „Комуна“.

Од скопската пожарна велат дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал.

– Се работи за поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола, вели , командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Билјана Клекачкоска, воскресија на филигранството: Што е тоа што го тера пештерскиот човек од пред 75.000 години да се накити?

Следно

Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО, тврди британскиот министер за надворешни работи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian