Руска инфлуенсерка која јавно го поддржува Путин пристина во Кан: Организаторите мета на критики

3 mins read

Една од најпознатите руски инфлуенсери, Викторија Боња, пред три дена се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и покрај тоа што отворено го поддржува режимот на Путин.

Иако пристапот на Русите на фестивалот беше ограничен, но, Боња сепак беше меѓу гостите, поради што организаторите деновиве се мета на критики на социјалните мрежи.

„Покануваме соучесник во режимот. Лицемерие, ништо друго“, напиша еден незадоволен корисник на „Твитер“.

„Очигледно е во ред да се угостуваат луѓе кои го поддржуваат Путин?“, се чудеше друг.

„Не ми се верува дека ја пуштија Викторија Боња да оди во Кан. Не само што ја поддржува руската влада туку е и анти-ваксер“, напиша трет.

Инаку, Боња во неколку наврати отворено му изразуваше поддршка на Путин особено на социјалната мрежа „Инстаграм“, па дури и позираше во маица со неговиот лик.

Таа неодамна учествуваше и на протестите против санкциите наметнати од западните земји кон Русите. Викторија беше снимена како уништува скапа чанта со потпис на „Шанел“, обвинувајќи ја компанијата за промовирање русофобија.

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

„Ако „Шанел“ не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме „Шанел“?“, рече таа пред да ја исече чантата со ножици.

Организаторите одговорија на прашањата на новинарите за пристигнувањето на Боња на фестивалот велејќи дека само неколку антивоени руски медиуми добиле дозвола да дојдат во Кан, но не ја спомнаа Боња.

По бројните критики за нејзиното појавување на црвениот килим на Кан, се огласи и инфлуенсерката.

„Зошто не ме обележуваат на сликите каде глумам во филмот со Зеленски?“, праша таа.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шампионот на Турција покажува интерес за Алиоски

Следно

МВР: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian