Ребел Вилсон откри дека била жртва на сексуално вознемирување на сет: Беше ужасно и одвратно

2 mins read

Кога актерката Ребел Вилсон почнала да го снима својот нов филм „Senior Year“ за „Netflix“, таа се погрижи да внесе ведрина и љубов во него, но и сите да се чувствуваат безбедно за време снимањето.

„Бидејќи во филмот има многу млади актери, сакав да бидам сигурна дека сите луѓе на сетот ги почитуваат“, изјави Вилсон за магазинот „People“.

Тоа бил најважниот критериум пред почетокот на снимањето на филмот, а таа се осврна и на тоа дека пред неколку години била жртва на сексуално вонемирување на сет.

„Ме покани во собата и ги соблече панталоните“, раскажува Ребел, откривајќи дека пред своите пријатели побарал да направи развратен чин. „Беше ужасно и одвратно. И однесувањето потоа, сето тоа беше пред движењето #MeToo каде на некој начин се обидоа да ме уништат и мене и мојата кариера. Да се ​​случеше после #MeToo, тогаш ќе можев едноставно да ги уништам“, вели Вилсон.

За овој случај актерката веднаш побарала правна помош. Покрај тоа, таа има и диплома по право од Универзитетот „New South Wales“ во Австралија.

„Бидејќи сум адвокат, го документирав тоа и го повикав мојот застапник. Затоа сега имам некои работи во писмена форма за тоа што се случи“, раскажа актерката.

Таа се погрижи луѓето во индустријата да дознаат што ѝ се случило.

„Никогаш повеќе не би го направила тоа. Мислев дека дури и жалбата до мојата агенција е голем чекор. И жалбата до студиото. Но, дознав дека веќе сум четврта личност што се жалела од истиот човек. Такво одвратно однесување, но многу жени поминале низ многу полошо. Ако тоа се повтори, веројатно уште повеќе би застанала за себе и тоа пред се поради храброста на другите жени“, заклучува Вилсон.

 

Ребел Вилсон покажа среден прст на доделувањето БАФТА наградите: Ова е порака за Путин!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едно лице е хоспитализирано по пожарот во „Буши“

Следно

СДСМ бара одговор: Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Груевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian