Претрес во скопско Ласкарци, приведено едно лице

1 min read

 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници  од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.С.(41) од скопското село Ласкарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени една рачно изработена направа за испалување муниција и ловни патрони.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.  

skopjeinfo.mk

Претходно

Канада воведе санкции за рускиот милијардер Александар Лебедев

Следно

Орбан: Европа ќе има тешка зима, многу потешка отколку што многумина мислат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian