Италијанските медиуми пренесуваат дека нема повеќе никакви пречки за враќање на Пол Погба во редовите на „Старата дама“.
Како што во денешните утрински часови објави „Гаѕета дело спорт“, Французинот ќе потпише договор со клубот од Торино до 2025 година.
– Се очекува да заработува седум и пол милиони евра по сезона, а со евентуални бонуси може да добие и до 10 милиони – пишува изворот.
Тој се враќа во Торино како слободен играч, откако летово му истекува договорот со Манчестер јунајтед каде пред четири години пристигна од Јувентус за околу 100 милионо евра.
Французинот се враќа во Јуве од истиот клуб, а првпат тоа се случи пред цела деценија кога имаше 19 години.
За Јунајтед одигра 233 натпревари во четири сезони, постигна 39 гола и запиша 51 асистенција.