Некој расположен за „глава на лав“? Свински ќофтиња со невообичаено име и уште понесекојдневен вкус

3 mins read

Кога ќе го слушнете името на јадењето, сигурно ќе се вџасите, но без гајле! Не треба да си купите лав, само свинско месо.

Оброкот се состои од големи свински ќофтиња, варени со тестенини и зеленчук, како што е зелката. Датира од времето на династијата Суи, кога царот Јанг патувал во Јангжу и ги натерал своите готвачи да подготват јадење инспирирано од пејзажите во Јангжу, од кои бил восхитен. Ќофтињата изгледале слично на главата на кинескиот лав чувар, па името останало до денес. Во Кина постојат две верзии на јадењето – едната се служи во богат кафеав сос (сорта женџијанг), а другата во полесна супа (сорта Јангжу). Рустикално и срдечно, ова класично јадење станало дел од кујната на Шангај кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Потребни состојки:

– 450 г мелено свинско месо
– 3 лажици шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 лажица саке
– 2 лажици соја сос
– 1 лажица масло од сусам
– 1 млад кромид, ситно сечкан
– 1 лажичка рендан/ситно сечкан ѓумбир
– 2 чешниња лук, ситно сечкани
– 3 големи јајца, изматени (2 ако сакате поцврсти ќофтиња)
– 1/4 чаша пченкарен скроб
– 450 г зелка

Фото: Инстаграм

Начин на подготовка:

– Комбинирајте сè освен јајцата, скробот и зелката заедно во голем сад и мешајте енергично со раце додека смесата не се изедначи добро. Додајте скроб и измешајте со виљушка. Изматете ги јајцата и додајте ги, повторно мешајте за да се соединат. Смесата на почетокот ќе изгледа екстремно течна, само продолжете да мешате и јајцето постепено ќе се впие во свинското месо, создавајќи густа смеса слична на каша. Ако сакате заоблени и поцврсти ќофтиња што можете да ги обликувате со раце, користете две јајца наместо три.

– Истурете околу 1/4 чаша масло во голема вок-тава, или доволно за да го премачкате дното. Наместете ја температурата на средна и оставете го маслото неколку минути да се загрее. Со лажица за сладолед, ставајте топчиња од смесата во тавата во еден слој. Оставете да се пржат во тавата 2 до 3 минути или додека не поруменат, потоа превртете и гответе од другата страна. Откако ќофтето ќе зарумени од двете страни (не мора да биде зготвено до крај), извадете го и оставете го настрана. Најверојатно ќе треба да пржете во две серии.

– Откако сите ќофтиња ќе заруменат, обложете го дното на големото тенџере со лисја од зелка. Ставете ги ќофтињата одозгора и намалете ја топлината на средно-ниско ниво. Покријте и оставете да се варат 30 до 40 минути, или додека лисјата на зелката не овенат и стеблата не омекнат. Послужете со ориз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Погба од Манчестер јунајтед се враќа во Јувентус

Следно

Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian