Литванија од утре без гас

1 min read

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја од Русија, па во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја.

Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.

– Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машинерија, рече Кревис.

Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клајпеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Летонија и Полска.

На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Фискален простор за нови мерки, повисоки плати и пензии

Следно

Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни улови“ е најзначајниот проект за пензионерите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian