Како убавата адвокатка на Џони Деп стана ѕвезда преку ноќ?

5 mins read

Милиони гледачи ширум светот ја следат правната битка меѓу поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд, но деновиве главна ѕвезда на судењето несомнено е адвокатката на Деп, Камила Васкез.

Младата адвокатка од Калифорнија го привлече вниманието на јавноста и стекна многубројни обожаватели ширум светот со својот остар правен стил, па дури почнаа да се печатат и маички со нејзиниот лик, а хаштагот со нејзиното име се рашири на големо на социјалните мрежи.

„Романтиката“ меѓу Џони Деп и неговата адвокатка е тактика: Еве зошто

Видеото во кое Васкез постојано ја прекинува адвокатката на Амбер Херд за да поднесе приговор, собра повеќе од 5.7 милиони прегледи на „ТикТок“ за само неколку дена.

@mculokii the redirect was brutal 🔥🔥 amber heard could barely say anything during the redirect 😂 #justiceforjohnnydepp #johnnydepp #camillevasquez ♬ original sound – jas ✨

Виралното видео дури поттикна многу корисници да прават пародии на социјалните мрежи. Заедно, видеата на „ТикТок“ кои го користат хаштагот „#CamilleVasquez“ собраа стотици милиони прегледи.

„Сè уште сум обожавател на Џони Деп“, гласи еден од многуте твитови за неа. „Но, сега сум и голем обожавател на Камила Васкез.

Џони Деп и адвокатката Камила Васкез, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

„Една од најдобрите адвокатки“

Родена во Сан Франциско од кубански и колумбиски родители, Камила Васкез дипломирала во 2006 година на Универзитетот во Јужна Калифорнија и во 2010 година на правниот факултет во Лос Анџелес. Во изминатите четири години таа беше соработник во „Brown Rudnick“, реномирана адвокатска фирма ангажирана од Џони Деп да го застапува во неговиот случај.

Таа е една од деветте адвокати од компанијата вклучена во судскиот процес. Во 2021 година, таа беше прогласена за еден од најдобрите адвокати во изборот за најдобар адвокат на списанието „Best Lawyer One to Watch“. Камила е специјализирана за судски спорови и арбитража, со акцент на застапување на обвинителите во случаи на клевета, како што тоа го прави за Деп.

За време на два дена вкрстено испрашување, Васкез се обиде да фрли сомнеж во приказната на Амбер Херд за нејзиниот проблематичен брак со Деп, со надеж дека поротниците ќе видат недоследности во нејзините тврдења.

„Тешка битка за Амбер Херд“

„Вие сте таа што сте нападнале некого со шише во Австралија, нели, г-ѓа Херд?“, ја праша Васкез.

Таа, исто така, ја испрашуваше за седумте милиони долари што Амбер претходно ги вети дека ќе ги донира во добротворни цели, обвинувајќи ја и дека ги уредувала нејзините фотографии со модрици и, во еден случај, сугерирајќи дека нејзиниот успех делумно му го должи на Деп.

@news.com.au I wonder if she *Heard* the question correctly? 👂🥁 #fyp #amberheard #johnnydepp #deppvheard #deppvsheard #camillevasquez #defamation #elonmusk ♬ original sound – News.com.au

Останува да се види дали популарноста на Васкез ќе се претвори во успех во судницата.

„Тешко е да се знае дали реакцијата на јавноста на Интернет е иста како онаа на индивидуалните поротници“, изјави за „Дејли Бист“, Халим Данидина, поранешен судија.

Тој, меѓутоа, заклучи дека популарноста на Васкез сугерира дека за Амбер Херд ова судење е битка која тешко ќе ја добие.

Се шпекулираше за врската на адвокатот и Деп, но…

Деновиве во медиумите се појавија вести дека обожавателите на Деп мислат дека актерот можеби е во врска со адвокатката, а гласините ги поттикнаа фотографиите од судницата каде Деп и Васкез топло се гушкаат.

Сепак, 37-годишната адвокатка веќе неколку месеци е во среќна врска со британски претприемач за недвижнини. Таа одби да ги коментира прашањата за нејзината приватна врска со Деп, но вети дека ќе го коментира случајот кога судот ќе донесе одлука.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сејдини: Ова нека биде поттик Македонија да обезбеди настап на следниот Мундијал

Следно

Трагедија во Тетово: Шестгодишно дете се удави во Пена, мајката не успеа да го извлече

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian