Изминатата недела 4.206 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

2 mins read

Во периодот од  13 април  до 19 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4.206 граѓани, односно само за време на викендот (14 и 15 мај ) 2.720 граѓани го посетиле Водно и ја користеле жичницата.

Овој податок говори  дека е голем бенефитот  што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата, велат надлежните од ЈСП. 
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември  жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот.
За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 – во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп. 
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните.

Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет – страницата на ЈСП Скопје, www.jsp.com.mk  

skopjeinfo.mk

Претходно

Зеленски: Војната ќе биде крвава, но крајот ќе биде со дипломатски средства

Следно

Погба од Манчестер јунајтед се враќа во Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian