ФОТО | Тања Кочовска доби внук: Се роди Јоаким

1 min read

Нашата позната актерка Тања Кочовска на својот фејсбук-профил сподели среќна вест дека нејзиниот син Александар, станал татко.

Тања веста дека станала баба ја сподели во нејзин стил со две интересни фотографии.

„Да бе дааа… Бабааа. Предраг дедооо. Јоаким се роди“, напиша таа во описот на двете фотографии.

Да потсетиме, синот на Тања Кочовска се ожени кон крајот на февруари оваа година. Александар ја побарал Моника за сопруга во ноември, на местото каде што ја запознал, а на фотографијата што ја сподели со новата сопруга шеговито напиша „Game Over“ – „Играта заврши“.

И тогаш, актерката во сличен стил соопшти дека има снаа.

„Да бе да, бидна“, напиша таа во описот на фотографијата на која Александар наздравува со пиво покрај својата сопруга Моника која носи елегантен бел фустан и во рацете држи романтичен букет од кали.

ВИДЕО | Тања и Предраг прославија 26 години брак: Со песна во дует ги поздравија своите фанови

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маската во затворените простори, единствената Ковид мерка актуелна во Грција

Следно

Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian