Европската радиодифузна унија објасни зошто се поништени гласовите на жирито на шест земји на Евровизија

2 mins read

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го поништи гласањето на жирито на Азербејџан, Грузија, Полска, Романија, Сан Марино и Црна Гора во второто полуфинале на Изборот за песна на Евровизија во Торино, бидејќи утврди дека гласале надвор од правилата на Евровизија.

Исплива нов скандал од Евровизија, Романија тврди: На Украина не ѝ дадовме максимални 12 поени!

Жирито од овие земји ги ставило истите тие земји на врвот на листата, со исклучок на својата земја, бидејќи не можат да гласаат за свој претставник. Односно, шесте земји се договориле меѓу себе да си разменат гласови.

Во образложението објавено на официјалната веб-страница на Евровизија, се наведува:

„Жирито гласаше за истите пет земји во своите Топ 6, а последното од шесте жирија стави четири од другите земји во своите Топ 4 и петта земја во своите Топ 7. Четири од шесте земји имаат добиено 12 поени барем еднаш, што е максимумот што може да се додели“.

 

 

Ваквиот начин на гласање, според мислењето на Европската радиодифузна унија, не е во согласност со образецот за гласање, потврдиле од независното тело за следење на гласањето.

Затоа, ЕБУ одлучи да го искористи правото да ги отстрани гласовите на жирито од шесте земји и да ги замени со автоматски пресметаните резултати од гласањето, за да се утврди конечниот резултат од гласањето во второто полуфинале. Ниту во финалето на натпреварот не биле искористени гласовите на жирито на шесте земји, за да се зачува интегритетот на системот на гласање на Евровизија.

Одлуките биле одобрени од претседателот на референтната група за песна на Евровизија и заменик генералниот директор на ЕБУ, во согласност со правилата за гласање на натпреварот, стои во официјалното соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Велковски асистираше за победа на Риека против Драговољац

Следно

Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 28.850 руски војници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian