Ди Марија ќе го напушти ПСЖ, најдобриот асистент во историјата на клубот

1 min read

На крајот од оваа натпреварувачка сезона аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (34) ќе го напушти ПСЖ.

Во петокот Французите ја информираа јавноста деја Ди Марија ќе се раздели со клубот после седум години.

Аргентинецот за париските „светци“ одигра 294 натпревари на кои успеа да постигне вкупно 91 гол. Воедно запиша 111 асистенции, учинок што го прави најдобар асистент во историјата на клубот.

Со ПСЖ освои 18 титули, а последниот меч ќе го има денеска од 21.00 часот на домашен терен против Мец во рамките од 38 коло во „Лига 1“.

Се шпекулира дека негова наредна дестинација ќе биде Јувентус, наводно веќе се водат преговори со „Старата дама“ од Торино каде ќе пристигне како слободен играч што ќе му овозможи годишна плата меѓу седум и осум милиони евра. Дали на една сезона или две, останува да се види.

Ал-Келаифи му нуди на Мбапе да биде шеф на проектот на ПСЖ само за да остане во Париз

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите

Следно

Епилептични напади: Како да ги препознаете, но и да помогнете некому што боледува од епилепсија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian