Де Брујне е играчот на сезоната во Премиер лигата

1 min read

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне (30) е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2021/2022.

Белгиецот играше фантастично во текот на сезоната и постигна 15 гола и запиша седум асистенции на 29 натпревари во Премиер лигата.

Третпат по ред оваа награда оди во редовите на Манчестер сити – во 2021 година ја освои дефанзивецот на „граѓаните“ Рубен Дијаш, а во 2020 година за првпат во кариерата лауреат беше Де Брујне.

Од 1995 година, кога беше доделена оваа награда, само тројца играчи ја добија наградата во два наврати – Тјери Анри, Немања Видиќ и Кристијано Роналдо.

– Многу сум горд што ја освоив оваа награда по вторпат. Има толку многу квалитет во Премиер лигата што е големо достигнување да се биде номиниран за оваа награда. Мислам дека одиграв добро и среќен сум што успеав да придонесам за успехот на нашиот тим со голови и асистенции. Би сакал да им се заблагодарам на тренерите и особено на играчите, бидејќи без нив ова немаше да биде возможно – рече белгискиот репрезентативец по добивањето на наградата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 28.850 руски војници

Следно

Дијана Иваноска ни подготви мини чискејк колачи со јагоди и бело чоколадо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian