Анчелоти: Иско го играше последниот натпревар за Реал Мадрид

1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Иско (30) ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.

Иско вчера се прости од „Сантијаго Бернабеу“ во последното коло од шпанската „Ла Лига“ против Бетис (0:0), а настапи доби во последните 20 минути.

– Кариерата на Иско овде штотуку заврши. Тој беше важен дел од овој тим во последните неколку години, одигра одлични натпревари, но можеше да направи поголема кариера во Реал. Му посакувам сè најдобро – рече Анчелоти за играчот кој имаше само 304 минути во шпанското првенство.

Иско во „кралскиот“ клуб пристигна пред девет години од Малага за 30 милиони евра.

За мадридскиот клуб одигра 352 натпревари и постигна 53 гола со 56 асистенции. Во Реал стана и шпански репрезентативец (38 настапи, 12 голови).

Се шпекулира дека фудбалерот за врска би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Бетис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан: Европа ќе има тешка зима, многу потешка отколку што многумина мислат

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Демонстрантка направи хаос на црвениот тепих во Кан: Престанете да нè силувате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian