Албанија купува противтенковски ракети

1 min read

Албанија купи противтенковски ракети Џавелин за да ја зајакне својата одбрана, соопшти денеска министерот за одбрана на таа земја Нико Пелеши.

Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија Локт Мартин, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани.

Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите е модернизација на армијата.

– За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме, рече министерот.

Пелеши рече и дека НАТО не претставува закана за ниту една земја, вклучително и за Русија.

Тирана ја поддржува политиката на „отворени врати” на Алијансата, и кога станува збор за Финска и Шведска, Пелеши рече дека тоа се „две независни суверени земји со високи политички, правни и воени стандарди”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 1.100 учесници на втората „Трка на поезијата” утре во Струга

Следно

ВИДЕО: Лајпциг се закити со својата прва титула во историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian