Земјите од Г7 се договорија да се подготват за идни пандемии

1 min read

Групата најразвиени земји Г7 денеска постигнаа договор за зајакнување на епидемиолошките системи за рано предупредување и откривање на заразни болести кои можат да предизвикаат пандемија.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах, кој беше домаќин на дводневниот состанок на Г7 во Берлин оваа недела, рече дека веќе постоечката канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) во Берлин би можела побрзо да собира и анализира податоци.

Лаутербах рече и дека Г7 сака долгорочно да ги зголеми задолжителните финансиски придонеси за СЗО за 50 отсто, за да може да ја извршува својата глобална функција. Тој додаде дека земјите од Г7 се согласиле подобро да го заштитат светското население од влијанието на глобалното затоплување врз здравјето, вклучително и промените во делот на медицинската обука што се занимава со климатските промени.

Министрите за здравство на Г7 се согласија да дадат поголема поддршка за развојот на нови антибиотици, кои би можеле да помогнат во лекувањето на резистентни соеви на бактерии кои убиваат милиони пациенти секоја година.

Членки на Г7 се САД, Канада, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Јапонија.

kurir.mk

Претходно

Османи вели дека ја претставил успешната приказна на Македонија пред Советот на Европа

Следно

Млада скопјанка пријавила неуспешен обид за обљуба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian