ВИДЕО | Што се крие зад значењето на овие класични песни?

4 mins read

Дека работите не се баш такви како што изгледаат или во овој случај звучат, ни докажуваат следните 10 песни во кои суштината не е јасна на прво слушање. Па затоа, уживајте и во музиката и во демистификацијата на „City Magazin“.

„Lucy in the Sky with Diamonds – The Beatles“

Ако подобро го погледнете насловот, ќе забележите дека буквите „LSD“ се издвојуваат. Значи, песната не зборува за некоја си Луси, туку за халуциногени супстанци. Џон Ленон ова го демантирал на почетокот, но подоцна било потврдено од Пол Макартни.

„Hotel California – Eagles“

Текстот на песната наводно раскажува за измислена и нејасна приказна за патник кој бил сместен во хотел. Сепак, темата се однесува на самоуништување, алчност во музичката индустрија и визијата за неуспешниот американски сон.

„London Calling – The Clash“

Повеќе од политичкиот став кон државата Британија, песната се однесува на стравот на Џо Страмер од давење. Имено, откако членовите на бендот ја прочитале веста дека Темза ќе го преплави Лондон, се родила идејата за оваа песна. Во суштина, значењето лежи во фактот дека секој ден може да биде потенцијален крај на светот.

„Just Like Heaven – The Cure“

Водачот на групата Роберт Смит е познат по неговите поетски стихови и хит мелодии. И додека сè тука укажува на класична љубовна песна, Смит всушност раскажува инцидент кога доживеал хипервентилација и почнал да се онесвестува.

„I Shot the Sheriff – Bob Marley“

Легендата на реге музиката, Боб Марли често има двојно значење во неговите песни. Во оваа тој изразува желба неговата девојка да не користи апчиња за контрацепција, а докторот кој ѝ ги препишал е „шерифот“.

„Total Eclipse of the Heart – Bonnie Tyler“

Ова е една од најпознатите љубовни песни од осумдесеттите години. Првично песната требало да се вика „Vampires in Love“, што ѝ дава сосема поинакво значење на песната ако се сеќавате на текстот. Значи, во суштина, зборовите конотираат за мрачната љубов на двајца вампири.

„In the Air Tonight – Phil Collins“

Обично повеќето луѓе мислат дека темата на песната е човек кој се дави, но Фил зборува за трауматскиот развод од неговата прва сопруга. Пејачот истакнал дека чувството на лутина и горчливата страна на разводот се поентите на песната.

„Poker Face – Lady Gaga“

Иконата на поп музиката се има прогласено за бисексуалка одамна, но во оваа песна е суптилно претставено, па затоа многумина не ја разбрале веднаш пораката. Но, зборовите велат дека Гага е заљубена во девојка додека е со своето момче.

„Chandelier – Sia“

Многумина мислат дека ова е песна за журка, но вистината е сосема спротивна. Сиа ја напишала откако се борела со алкохолизам и зависност од дрога. Таа им се предала на пороците кога нејзиното момче загинало во сообраќајна несреќа.

„Can’t Feel My Face – The Weeknd“

Секој што мисли дека текстот на песната покажува возбуда кога некој е заљубен, греши. Пејачот всушност се исповеда, признавајќи меѓу редови дека е зависен од разни опијати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Таткото на Матеј Периш со трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Следно

Борел: Има недостиг од храна низ цел свет, а таму каде што ја има таа е скапа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian