ВИДЕО: Брејк на Бостон против Мајами во финалето на Источната конференција

1 min read

Кошаркарите на Бостон селтикс славеа со 127:102 против Мајами хит и израмнија на 1:1 во победи во финалето на Источната конференција.

Селтикси „брејкот“ го најавија кон крајот на првата и стартот на втората четвртина со серијата од 17:0 по која не им дозволија на играчите на Мајами.

Во продолжение од натпреварот, предноста на Бостон се зголемуваше и во еден момент изнесуваше дури 34 поени (119:85) и на убедив начин ја „носи“ серијата на домашен.


Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејсон Тејтум со 27 поени, а одлична партија прикажа повратникот во тимот, Маркус Смарт со 24 постигнати поени и 12 асистенции. Исто број на поени постигна и Џејлен Браун.

Кај Мајами најрасположен за игра беше Џими Батлер со 29 поени, додека Гејб Винсент и Виктор Оладипо дадоа по 14 поени.

Третиот натпревар ќе се игра во Бостон во ноќта помеѓу сабота и недела во 2.30 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проф. д-р Кимет Фетаху: Нема никаков проблем, јас како Македонец да бидам претседател на Албанија

Следно

Симптоми кои укажуваат на недостиг на калциум во организмот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian